Што се тоа национални совети на националните малцинства?

Поради остварување на право на самоуправа во културата, образованието, известувањето и службената употреба на јазикот и писмото, припадниците на националните малцинства во Република Србија може да изберат свои национални совети.
Националниот совет го претставува националното малцинство во областа на образованието, културата, известувањето на јазикот на националното малцинство и службената употреба на јазикот и писмото, учествува во процесот на одлучување или одлучува за прашањата од тие области и основа установи, стопански друштва и други организации од овие области.
(Член 2. од Законот за национални совети на националните малцинства од 2009. година.)

Кои се надлежностите на националниот совет?

Националниот совет, во согласност со законот и со својот статут, преку своите органи, самостојно:
1) го донесува и менува статутот на националниот совет;
2) донесува финансиски план, финансиски извештај и завршна сметка;
3) располага со сопствен имот;
4) одлучува за името, симболите и печатот на националниот совет;
5) ги утврдува предлозите за националните симболи, обележја и празници на националното малцинство;
6) oснова установи, здруженија, фондации, стопански друштва во областа на културата и образованието, известувањето и службената употреба на јазикот и писмото;
7) предлага претставник на националното малцинство во советот за меѓунационални односи во единицата на локалната самоуправа; 8) востановува и доделува признанија;
9) иницира донесување и го следи спроведувањето на законите и останатите прописи од областа на културата, образованието, известувањето и службената употреба на јазикот и писмото;
10) учествува во подготовката на прописите и предлага измена и дополнување на прописите со кои се уредуваат со Устав загарантираните права на националните малцинства во областа на културата, образованието, известувањето и службената употреба на јазикот и писмото;
11) предлага посебни прописи и привремени мерки во областите во кои се остварува правото на самоуправа, поради постигнување на целосна рамноправност меѓу припадниците на националното малцинство и граѓаните кои му припаѓаат на мнозинството;
12) поведува постапка пред Народниот правобранител, покраинскиот и локален омбудсман и пред останатите надлежни органи, кога ќе прецени дека дошло до повреда на со Устав загарантираните права и слободи на припадниците на националното малцинство;
13) поведува постапка од точката 12) oд овој член во име на припадниците на националното малцинство, со претходно добиено писмено овластување;
14) зазема ставови, поведува иницијативи и презема мерки во врска со сите прашања кои се непосредно поврзани со положбата, идентитетот и правата на националното малцинство;
15) oдлучува за останатите прашања кои му се доверени со закон.

(Член10. од Законот за национални совети на националните малцинства)

Кога ќе се одржат изборите за национални совети на националните малцинства?

За ден на одржување на изборите се одредува недела 26. oктомври 2014. година.
(Став 4. од Oдлуката за распишување на избори за членови национални совети на националните малцинства)

Какви се избори за национални совети на националните малцинства постојат?

Членовите на националниот совет се избираат на непосредни избори или по пат електорското собрание.
(член 29. од Законот за измени и дополнувања на законот за национални совети на националните малцинства)

Кога се одржуваат непосредни, а кога избори по пат на електорско собрание?

Непосредните избори за членови на националните совети се одржуваат кога 24 часа пред распишувањето на изборите во посебен избирачки список на националното малцинство запишани се повеќе од 40% од припадниците на националното малцинство според последниот попис на населението.
Поради утврдување на тоа дали се исполнети условите на непосредни избори, Министерството привремено ги заклучува посебните избирачки списоци на националните малцинства 24 часа пред распишувањето на изборите.
Изборите по пат на електорско собрание се одржуваат ако не се исполнети условите за непосредни избори и ако по распуштањето на националниот совет новите избори се распишуваат во рок од 60 дена од распуштањето.”
(член 100. од Законот за национални совети на националните малцинства)

Кој може да учествува на изборите за национални совети на националните малцинства?

Припадникот на националното малцинство стекнува право да ги избира членовите на националниот совет ако ги исполни со Устав и закон пропишаните општи услови за стекнување на активно избирачко право. Посебен услов за стекнување на активно избирачко право за избор на членови на националниот совет е запишувањето во посебен избирачки список на националното малцинство, во согласност со одредбите од овој закон.
Посебен услов за стекнување на активно избирачко право за избор на националниот совет на националното малцинство по пат на електорско собрание е статусот на електор, кој се стекнува во согласност со одредбите од овој закон.
(Член 32. од Законот за национални совети на националните малцинства од 2009. година)

Каде и како можам да се пријавам како би можел да гласам на изборите за национални совети на националните малцинства?

За да можете да го остварите своето избирачко право на изборите за национални совети на националните малцинства треба да се запишете во посебен избирачки список.
Посебниот избирачки список е службена евиденција во која се запишуваат припадниците на националното малцинство кои имаат право на гласање. Посебниот избирачки список е постојан и редовно се ажурира.
Припадникот на националното малцинство се запишува во посебен избирачки список исклучиво на лично барање.
За секој национален совет се водат посебни избирачки списоци. Посебен избирачки список води Министерството.
Секој граѓанин со избирачко право, припадник на националното малцинство, може на посебен образец писмено да побара да биде запишан во посебен избирачки список.
Барањето за запишување во посебен избирачки список припадникот на националното малцинство му го поднесува на органот на управата на единицата на локална самоуправа според местото на живеење, во писмена форма, на посебен образец кој го пропишува министерот и своерачно го потпишува.

Дали можам да гласам на изборите за национални совети на националните малцинства иако на пописот на населението сум се изјаснил како Србин односно Србинка?

Пописот на населението е анонимен и не постои можност за проверка дали во посебниот избирачки список се запишани сите оние граѓани кои на пописот се изјасниле како припадници на национално малцинство или се запишал и некој кој на пописот се изјаснил како Србин. Меѓутоа, доколку се во прашање злоупотреби кои го рушат системот на културната автономија на националните малцинства или некој друг вид на злоупотреба Министерството има можност да го одбие запишувањето во посебниот избирачки список.

Колку потписи е потребно да се соберат како би го стекнал некој статусот на електор?

Преку електорското собрание се избираат оние совети чии припадници во помал процент од 40 се запишале во посебниот избирачки список. Значи, ако одредено национално малцинство според пописот брои 10.000 припадници, барем 4.000 припадници треба лично да се запишат во посебен избирачки список како би се стекнале услови за тоа изборите на националниот совет да се спроведат на директен и непосреден начин.
За тие национални малцинства предвидено е членовите на советот да се избираат по пат на електорско собрание, а електор може да биде секој припадник на националното малцинство чија кандидатура ќе ја поддржат:
- 20 припадници на националното малцинство запишани во посебен избирачки список, за национално малцинство чиј број според последниот попис на населението изнесува помалку од 10.000 лица;
- 30 припадници на националното малцинство запишани во посебен избирачки список, за национално малцинство чиј број според последниот попис на населението изнесува повеќе од 10.000 лица, но помалку од 20.000 лица;
- 45 припадници на националното малцинство запишани во посебен избирачки список, за национално малцинство чиј број според последниот попис на населението изнесува повеќе од 20.000 лица, но помалку од 50.000 лицa;
- 60 припадници на националното малцинство запишани во посебен избирачки список, за национално малцинство чиј број според последниот попис на населението изнесува повеќе од 50.000 лица, но помалку од 100.000 лицa;
- 100 припадници на националното малцинство запишани во посебен избирачки список, за национално малцинство чиј број според последниот попис на населението изнесува повеќе од 100.000 лицa.
Електорите кои ќе го исполнат тој услов, на посебно собрание ги избираат членовите на советот и нивниот совет функционира под исти услови како и советите кои се избрани на непосреден начин.

(Член 105. од Законот за национални совети на националните малцинства од 2009. година)
Često postavljena pitanja
• Šta su to Nacionalni saveti nacionalnih manjina i koje su mu nadležnosti?
• Kada će se održati izbori za nacionalne savete nacionalnih manjina?
• Kakvi sve izbori za Nacionalne savete nacionalnih manjina postoje?
• Kada se održavaju neposredni, a kada izbori putem elektorske skupštine?
• Ko može da učestvuje na izborima za nacionalne savete nacionalnih manjina?
• Gde I kako mogu da se prijavim da bih glasao na izborima za nacionalne savete nacionalnih manjina?
• Koliko je potrebno da se skupi potpisa da bi neko stekao status elektora?